-->
-->
Се ближи зима - Без оваа опрема во автомобилот следува казна од македонската полиција
-->

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
– Зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири мм.
– Пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири мм. Ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
– Зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест мм.
– Пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири мм. Ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
– Зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест мм.
– Пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири мм. Ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
– Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и
– Прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:
„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.
Зимската опрема станува задложителна на 15 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите