Се чека планот на МОН за учебната година
Министерот за образование и наука Арбер Адеми на својот фејсбук-профил објави дека е негативен на коронавирусот и дека од денеска им се враќа на работните активности. Како што беше најавувано во изминатиот период, на 10 август МОН треба да ги соопшти протоколите за реализирање на трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.
-Конечно заврши предизвикот со КОВИД-19. По две негативни последователни тестирања, од утре се враќам на активностите и многуте работи што се пред нас. Сакам да упатам порака до сите вас да бидете внимателни, да носите маски и да држите растојание. Благодарам од срце за изразената грижа, со вас ми беше многу полесно, напиша министерот на Фејсбук.
Адеми во петокот изјави дека зелено светло за модалитетите, како што рече, е дадено од Комисијата за заразни болести со кои во детали ги разработиле, добиле ставови и од СОНК и дека овие денови се очекува нивното финализирање. Додаде дека има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите.
– Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба. Имаме време пред нас. Преовладува позитивно мислење и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година да почне со физичко присуство. Не прејудицираме, се разгледуваат сите можни опции, ги имаме протоколите за сите модели на настава кои се подготвуваат низ инклузивен пристап со консултација на сите засегнати страни за да имаме издржани решенија, рече Адеми во петокот.
Ново на Сител
-
Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно
-
АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
-
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
-
СКСЗМ бара 500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор
-
Во Дебар приведено лице кое се заканувало на вработените во Општата болница
-
Приведен стружанец осомничен за измама
-
„Кликс“: Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати