Македонија
7. јуни 2018 - 9:42

Се чисти коритото на Радовишка Река

Општина Радовиш почна со чистење на коритото на Радовишка Река од вегетација, наталожен наносен материјал и шут.
 
- Чистењето се реализира согласно планот за одржување на речните корита во урбаниот опфат, информираат од Општината.
 
Со чистењето ќе се овозможи поголем проток на водата и заштита од поплавување во случај на екстремни временски услови.