-->
-->
Се гасне пожар на семеен дом во Делчево, пожар и во село Очипала
-->
Во Делчево во тек e акција за гаснење пожар кој зафати семеен дом на улица „Голачка“. Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснењето на пожарот.
Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека дојавата е примена нешто по 16 часот и притоа е побарано од ЕВН да биде исклучен доводот на електрична енергија.

Во моментот се гасне вториот кат од куќата откако пожарот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додадоа од ТППЕ Делчево се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први Реон во Делчево. Апелираа возачите да ги отстранат своите возила за да можат возилата на единицата да се движат непречено. Воедно од ТППЕ Делчецо информираа дека во тек е и интервенција на пожар во село Очипала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор