-->
-->
Се излеа Пчиња, поплавено Куманово
-->
Обилните врнежи од дожд во Кумановско ги зголемија нивото на реките во овој регион кои предизвика поплавување на земјоделски површини, патна инфраструктура, подруми и неколку помошни објекти во населбата Бедиња, кај стариот градски парк, кај селото Доброшане на вливот во Пчиња и на неколку куќи во населбата „Бавчи“.
Материјалната штета не е голема, оцени денеска градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, но сепак екипи од локалната самоуправа во претпладневните часови излегле на терен и направиле записник.
- Поради обилните дождови изминативе деновиви кои изнесуваа над 50 литри се покажаа неколку слаби точки, иако изминативе денови чистевме во двата правци на речното корито кое е продлабочено. Но, сепак нивото на реките е доста високо, изјави Дамјановски.
Тој информирашедека доколку е потребно ќе побара и поддршка од Владата. За попладне од Општинта најавија дека ќе седница ќе има општинскиот кризен штаб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија