-->
-->
Се монтираат камери пред Собранието на Република Македонија
-->
Веќе неколку дена, откако премиерот Зоран Заев дека ќе биде потпишан договорот со Грција за решавање на спорот околу името на Република Македонија, граѓаните протестираат пред Собранието против овој договор.Голем број граѓани кажаа дека нема да прифатат ваков договор.
Денеска пак пред Собранието на бандерите се поставуваат камери, кои најверојатно за цел имаат да ги снимаат граѓаните кои протестираат.
Инаку, уште на првиот протест кој беше организиран од навивачката група Комити, беше забележливо невообичаено силно полициско присуство.
На фотографија која ја објави порталот „Република“ беше очигледно присуството на фотографи од Министерството за внатрешни работи, кои ги снимаа граѓаните кои протестираа.
Коментарите се дека со поставувањето на камерите сега, ова е уште еден начин да се снимаат граѓаните кои протестираат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем
-

Поднесено обвинение за злоупотреби во Прилепската болница
-

Град Скопје, ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици
-

Царина заплени тутунски производи од малопродажен објект - избегната акциза од 509 илјади денари | ВИДЕО
-

Судиите избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

На Попова Шапка 34 сантиметри снег
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
