Се намалува акцизата на бензините за еден денар

Цената на бензините од полнноќ се намалува за еден и пол денар, заради тоа што акцизата се намалува за еден денар. Акцизата за дизелот останува иста.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,61 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 13.07.2020 година.
„Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за периодот од 1-ви јули до 15-ти јули 2020 година на берзанските цени на нафтените деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото Prem Unl 10 ppm, кое служи како основа за пресметка цените на бензините, на медитеранската берза публикувана на Platt’s е повисока од 390 USD/тон. Ова значи дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 денари на 2 денари и истата е инкорпорирана во денешната одлука со која има намалување за 1,50 денар за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС98. Дополнителните акцизи за останатите деривати, односно гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење, остануваат на исто ниво како и досега. Согласно одлуката дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари“ изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС98 се намалуваат за 1,50 денар за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.
Наташа Хаџиспирковска Стефанова
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
