Се нормализира откупот на куртовкста капија, залихи кај конзервната индустрија

Се нормализира откупот на куртовската капија кој годинава почна скоро два месеца порано, велат од Сојузот на земјоделци. Топлото време го забрза зреењето на родот на годинешната реколта која стигна до откупувачите и конзервната инустрија веќе од почетокот на август. Во моментот проблем создаваат и залихите.
- Претходните години околу 21 септември почнуваше откупот на куртовската капија. Годинава тој почна на 4-5 август. Климатските услови и топлото време овозможија брзо зреење и црвенеење на пиперот и негова хипер-продукција под пластениците. Така што во овој период имавме големи количини куртовска капија кои дел завршија како залихи во конзервната индустрија, за кои се надеваме дека ќе се потрошат во скоро време, вели Ване Митев, претседател на Сојузот на земјоделци, регионален центар Струмица.
Зголеменото производство во соседството, во Албанија, Србија, Хрватска, според Митев, е причина за застојот на ајварката во магацините на откупувачите и конзервната индустрија. Цената варирала од 14 денари по килограм, до 16 денари/кг во некои делови од Македонија.
- Ние постојано сме во контакт и со земјоделците и со откупувачите, но и со министерството за земјоделство и инспекторатот. Нашите проценки се дека ќе биде откупено целото количество на ајварка. Временските услови се подобруваат, а од друга страна и граѓаните ќе почнат со традиционалното подготвување зимница, што ќе значи уште еден пазар плус за овој производ, вели Митев.
Според податоците на Сојузот на земјоделци, во струмичко под куртовка капија засеани се 4.000 хектари.
Ново на Сител
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
