Се очекува ЕУ да воведе нови санкции против Иран поради задушување на протестите

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска се очекува формално да се договорат за нови санкции против Иран, како и за нова набљудувачка мисија во Ерменија и Азербејџан, јави ДПА.
Европските дипломати потврдија за агенцијата дека се очекува да бидат санкционирани над триесет ирански поединци и организации како одговор на сериозните прекршувања на човековите права.
Техеран разби голем број демонстрации со сила, вклучително и неодамнешните егзекуции на демонстранти кои започнаа по смртта на иранско-курдката Махса Амини додека беше во притвор за наводно кршење на исламските правила за облекување.
Одлуките за санкции мора да се донесат додека земјите-членки на ЕУ разговараат за додавање на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција на листата на терористички организации на ЕУ.
ЕУ веќе усвои три пакети санкции против Иран за кршење на човековите права од почетокот на протестите минатата година. Досега на санкционираниот список има 146 лица и 12 организации, меѓу кои и членови на гардискиот корпус.
Европските министри за надворешни работи ќе разговараат и за тековната војна во Украина и поконкретно за доделување дополнителна воена помош вредна 500 милиони евра.
Ново на Сител
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
