Се омажи султанката Хатиџе

Турската филмска и ТВ ѕвезда Селма Ергеч (37), султанката Хатиџе од серијата „Величествениот“ и шармантната Дафне од серијата Аси, препоследната недела од септември го изговори животното „да“ на избраникот Џан Оз (34), сопственик и директор на една од најголемите турски издавачки куќи.
Секако далеку од очите на јавноста, токму како и што ја држеа двегодишната врска надвор очите на љубопитните. Двојката се венчаше на југот од Германија во селото Готмадинген каде Селма порасна, а на свеченоста присуствуваа само членови на семејството и пријатели.

Кума и беше колешката и блиска пријателка Нур Фетахоглу, султанката Махидевран од серијата.
Убавата невеста носеше венчаница во стилот на педесеттите, која специјално за неа ја дизајнираше Тувана Бујукчинар на чии ревии често работеше.

Сватовите се фотографираа пред основното училиште каде одела Селма, инаку родена во бракот на Турчин и Германка, токму како и нејзината мајка пред неа. На фотографијата која ја испратија до медиумите јасно се гледа дека кумата Нур е бремена.
Ново на Сител
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
