Се подобрува енергетска ефикасност на зградите во центрот на Куманово
Во дел од станбените единици во Куманово почна реализацијата на проектот за енергетска ефикасност што го спроведуваат станарите и општината во соработка со Хабитат, соопшти денеска раководителот на Секторот за меѓународна соработка Горан Митевски, задолжен за спроведување на проектот во кој се вклучени 12 станбени единици од централното градско подрачје.
- Фактичка реализација има во осмокатницата во строгиот центар на Куманово на градскиот плоштад, каде веќе се менува столаријата. Со подобрување на временските услови треба да се отпочне со менување на фасадата, најави Митевски.
На јавниот повик кој претходно го објави општината се пријавија 12 станбени единици кои се поделени во неколку групи, според бројот на куќните совети. Согласно одлуката на одредени куќни совети, како и поради практичната реализација и естетско-визулениот ефект, појасни Митевски, добар дел од влезовите се согласиле заеднички да се вклучат во проектот. Во него, појасни, треба да се вклучат и сопствениците на деловните објекти кои поседуваат дуќани во зградите.
Митевски посочи и позитивен пример на познат супермаркет од Македонија кој директно се вклучил во проектот заедно со станарите и апелираше до останатите сопственици на деловните единици да размислат и да се вклучат во проектот.
- Зградите кои се јавија на повикот објавен од општината се стари и по неколку децении. Самите станари и управителите го избираат понудувачот за промена на столаријата, покривната конструкција и фасадата. Услов е да се почитува архитектонскиот израз на проектантите, можно е да се направат одредени проемни во бојата на фасадата, но и таа не треба да отстапува значајно од усогласеноста со останатите објекти лоцирани во централното градско подрачје, прецизира Митевски.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа