Македонија
29. January 2025 - 12:22

Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците

Се погласни стануваат повиците за бојкот на продавниците овој петок, особено откако во текот на вчерашниот ден, иницијативата која почна на социјалните мрежи доби поддршка од граѓанскиот сектор но и од политичките партии. Поддршка и разбирање изрази и Премиерот Мицкоски кој најави и дополнителен ангажман на инспекциските служби. Поддршка уште вчера даде и опозицијата а зад иницијативата застана и Организацијата на потрошувачи на Македонија. Нејзината Претседателка вчера во Тема на денот на Сител рече дека тоа е добар начин да се испрати порака. 

Се апелира до граѓаните да се воздржат од купување во петок за да се испрати порака дека трговците ги договараат и манипулираат цените и креираат преголеми профити врз грбот на потрошувачите.

Идејата за ваков бојкот дојде по успехот на граѓаните од Хрватска кои веќе имаа ваква акција со која успеаја во еден ден да го преполоват вкупниот промет во продавниците.

Иста иницијатива се организира и во Црна Гора и во Србија.