Свет
29. November 2018 - 21:24

Се појавија ужасни фотографии од касапењето на новинарот Кашоги: Крвави слики кои неговите егзекутори сакаа да ги скријат

На интернет се појавија страотни фотографии за кои се тврди дека се направени во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција, а на кои се гледа, како што неофицијално се тврди, ѕверското касапење на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Убиството на Кашоги предизвика шок и бес ширум светот, а иако се уште не е потврдено, дали на фотографиите е токму тој, сепак предизвикаа силни реакции.

Инаку, саудискиот новинар, кој беше во егзил во САД од 2017 година, е убиен на 2. октомври во конзулатот на својата земја во Инстабул, а неговото убиство од тогаш е тема број 1 во светските медиуми.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ФОТОГРАФИИТЕ СЕ СО МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Инаку, претходно се појави снимка, од како што неофицијално се наведува, предадена како доказ на која се слуша дека новинарот е грабнат, дрогиран и задавен. Потоа со пила пресечен на парчиња. Истражителите веруваат дека телото на новинарот е растопено во киселина, по што е претворено во течност и фрлено во канализација.

Анкара наведува дека таа операција ја спровеле 15 егзекутори кои ги испратила Саудиска Арабија и дека ја напуштиле Турција на денот на злосторството, и отпатувале дома со два приватни летови и еден редовен.

Обвинител од Саудиска Арабија побара смртна казна за петмината саудиски оперативци кои се осомничени дека се виновни за оваа брутална ликвидација.