-->
-->
Се повреди Перо Антиќ
-->

Фенербахче скапо го плати триумфот над Цедевита (86:73), во петтото коло од Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.
Турскиот тим на овој натпревар остана без двајца значајни играчи во ротацијата, поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ и репрезенаттовецот на Грција, Костас Слукас.
Како што соопшти клубот, Антиќ го повредил мускулот и ќе отсуствува од терените во наредните три недели, додека двојно поголема пауза го очекува Слукас поради повреда на стапалото.
Фенербахче е единствената екипа во досегашниот тек од Топ 16 фазата со максимален ефект, а во наредното коло ќе му гостуваат на градскиот ривал Анадолу Ефес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
