Балкан
5. November 2015 - 9:18

Се преврте возило на Итна помош

 
Возилот на Итна помош се преврте вчера во Белград, дознава српски Ало. Во сударот автомобилот и возилото на Итната помош повредени се пет лица. 
 
Несреќата се случила во 22 часот во ценатрот на Белград. 
 
Како што дознава порталот, повредени се медицинските работници и пациентот кој го превезувале. лекарите кои биле во возилото на Итната помош, однесени се во Ургентниот центар.
 
Според очевидците, несреќата се случила бидејќи наводно едно од возилата поминало на црвено светло.