Балкан
17. November 2017 - 13:53

Се продава куќата од серијата „Село Гори, а баба се чешла“: Има 11 соби, вистински дворец, а цената е смешна

Куќата во која е снимена една епизода од српската серија „Село гори, а баба се чешла“ се продава за 24.000 евра. 
 
 
Станува збор, за старата куќа од 250 квадрати, која е изградена кај Трстеник. 
 
Куќата во која е снимена серијата „Село гори, а баба се чешла“ има 11 соби и подрум под целата куќа кој е изѕидан со цигли. 
 
Ѕидовите на куќата се 90 сантиметри, а се градени со цигли и врел креч.