Се продава првото Ферари кое го возеше Шумахер

Шасијата број 157 со Жан Алези дојде до подиумот и тоа беше последниот V12 Ф1 тркач на италијанскиот производител.
Продажен салон од Лондон на листат возила кои ги продава го стави и овој болид, но без означена цена. Она што е познато е дека Алези ја возеше 157 во првите рунди од сезоната, додека со другата шасија стигна до победа на Големата награда на Канда. Со други зборови 412 Т2 е последниот Ф1 болид со V12 мотор кој победи во една трка.
Пет дена по тестирањето, во ноември 1995 година, Шумахер и 157 се најдоа во Ешторил. Германецот мина над 28 круга во Ферари, остварувајќи најдобро време од 1 минута 21,20 секунди, што беше подобро од квалификацискиот круг на Бергер на Големата награда на Португалија за дури седум стотинки.
Покрај самото возило, продажбата вклучува и документирани копии на извештаите од тестирањето на шасијата 157 како и Ferrari Classiche сертификат.
Ново на Сител
-

Лукман потпиша за Атлетико Мадрид
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
