Се проширува булеварот „Христијан Т.Карпош“ во скопско Чаир

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска го означи почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од булеварот „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“, како и за поставување улично осветлување на потегот од булеварот „Џон Кенеди“ до улицата „Ферид Бајрам“.
- Со овој проект, постојниот коловоз на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се прошири и ќе добие 4 сообраќајни ленти, по две ленти во секоја насока, на должина од 670 метри. Од левата страна на булеварот, гледано од центарот на градот кон Чаир, ќе се изгради тротоар со ширина од 4 метри. Од десната страна на коловозот ќе се оформи заштитно зеленило со променлива ширина, велосипедска патека со ширина од 2,25 метри и пешачка патека со ширина од 2 метра. Градежните работи на булеварот Христијан Тодоровски Карпош ќе се искористат за да се постави нова атмосферска канализација со должина од 280 метри и профил на цевките од 400 милиметри, која ќе се приклучи на постојната атмосферска мрежа. Се планира да се изгради и нова фекална мрежа на должина од 255 метри, како и нова водоводна мрежа на должина од 850 метри, рече денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски додаде дека по должината на булеварот ќе се постави и ново улично осветлување, на потегот од булеварот Џон Кенеди до улицата Ферид Бајрам, на должина од 940 метри. На овој потег ќе се постават 63 столба за улично осветлување високи по 10 метри и 65 светилки со моќност од 250 вати.
- За реализација на проектот за проширување и реконструкција на булеварот и за поставување улично осветлување Градот Скопје ќе вложи околу 43 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат за околу една година. нагласи градоначалникот Коце Трајановски.
Ново на Сител
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
