Се распушта елитната претседателска гарда на Турција

Турција одлучи да ја распушти елитната претседателска гарда, откако речиси 300 нејзини членови се уапсени по неуспешниот обид за воен удар.
Дел од војниците, кои учествувале во заземањето на државата турска телевиизја ТРТ за време на обидот за пуч биле припадници на претседателската гарда, изјави за Анадолија турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Тој рече дека е одлучено таа единица повеќе да не постои и оти од неа нема потреба.
- Повеќе нема да имаме претседателска гарда, нема ниту цел, ниту потреба, рече тој за телевизијата Ал Хабер.
Претседателската гарда има 2.500 војници, а најмалку 283 нејзини членови се притворени по обидот за пуч.
Една недела по неуспешниот пуч во Турција се уапсени повеќе од 13 илјади лица, од кои поголемиот број војници, а меѓу нив има и полицајци, судии, професори.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
