Се развела од сопругот по 22 години брак оти гласал за Трамп
Гејл Мекормик која за себе вели дека е демократ била разочарана откако нејзиниот сопруг еден ден за време на ручекот и рекол дека ќе гласа за Доналд Трамп.
Таа пензионирана чуварка во затвор изјави дека неговата одлука била нешто преку што никако не можела да премине, и поради тоа веднаш поднела барање за развод на бракот.
– Се чувствувам измамено. Како целиот живот да ми поминал во лага. Неговата одлука отвори прашања со кои не сме се соочиле. Сфатив колку далеку сум отишла со прифаќањето работи кои не би ги одобрила кога сум била млада, вели таа.
Резултати од анкета на Ројтерс/Ипсос од 27 декември до 18 јануари покажуваат дека расправите на анкетирани со семејството во врска со политиката во тоа време се зголемиле од 33 на 39 отсто. Дури 16 отсто изјавиле дека поради изборите во САД престанале да зборуваат со член на семејството/фамилијата или со пријател.
Ново на Сител
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата