-->
-->
Се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во Зрновци
-->

Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков денеска ги презентираше проектите кои се во фаза на изградба или реализација, а се дел од програмата за оваа година.
- Минатата година во декември ја започнавме изградбата на јавен простор со плоштади и детски забавни паркови во населените места Мородвис и Видовиште. Со подобрувањето на временските прилики овие два јавни простори деновиве ке бидат завршени и ставени во функција на жителите од овие населени места. Се работи за инвестиција од 3,5 милиони денари средства обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, истакна Станков.
Тој информираше и за изградбата на фекална канализација во населеното место Мородвис во должина од 1,300 метри за што се обезбедени средства од 7.5 милиони денари преку Европската банка и Министерството за транспорт и врски.
Станков го најави и партерното уредување на црквата „Свети Климент“ во село Мородвис, како и изградбата на полска чешма со водопоило во месноста викана Црквиште во Зрновци.
- Што се однесува до изградбата на нов мост на река Брегалница на местото на стариот мост кој настрада во поплавите во февруари минатата година, истиот по едногодишни договарања и подготовка на идејно решение конечно ќе се гради. Во месец мај ке биде поставен камен темелник на нов мост на река Брегалница кој општината Зрновци ќе ја поврзува со Кочани.Средствата во висина од 1,5 милион денари се обезбедени од фондовите на ЕУ преку UNDP, истакна градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
