Се реконструира објектот „Искра“ во Гази Баба

Почна реконструкцијата и санацијата на објектот „Искра“ во градинката „25 Мај“ во општина Гази Баба. Објектот е изграден во 1965 година, а во него престојуваат 120 деца.
Увид во градежните активности денеска изврши градоначалникот Тони Трајковски, кој информира дека е планирана комплетна замена на покривот или околу 800 метри квадратни.
Предвидена е замена на прозорците со енергетски ефикасни, комплетна санација на подовите и замена на котелот за парно греење од нафта на пелети. Работите ќе се изведуваат во две фази, а санацијата и реконструкцијата на објектот се планира да се завршат до крајот на летниот период.
Работите ги изведува фирмата „Ингрес“, а за санацијата и реконструкцијата на објектот „Искра“ предвидени се околу 2,8 милиони денари.
Ново на Сител
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
