Се реконструира патот од Битола до хотелот „Молика“ на Пелистер

Општина Битола во соработка со ЈП „Македонија пат“-подружница во Битола почна со реконструкција, проширување и асфалтирање на патот кој води до детското одморалиште „Пелистер“ и хотелот „Молика“ на планината Баба.
Интервенцијата врз патната инфраструктура и едно поголемо свлечиште се врши со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта, од каде се обезбедени 6 милиони денари, информираат од општина Битола.
- Во првата фаза од овој инфраструктурен проект на Пелистер опфатени се 6 километри од патот кој ќе биде реконструиран, асфалтиран и целосно подготвен за претстојната зимска сезона. По завршувањето со ревитализација на најчувствителниот дел од патот кој води до детското одморалиште „Пелистер“ и хотелот „Молика“, ќе се изврши санација и на неколку други делови од патот Битола-излетнички и туристички места во Националниот парк „Пелистер“, посочуваат од локалната самоуправа.
Од ЈП „Македонија пат“-подружница Битола со регионална надлежност информираат дека наскоро ќе почне реконструкција и на патиштата од западната страна на планината Баба, односно во преспанските села Љубојно и Брајчино.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
