-->
-->
Се санира свлечиштето на патот Крива Плаанка-село Дурачка Река
-->

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ангажираше фирма за санација на големото свлечиште на патнипт правец Крива Паланка - село Дурачка Река. Работници и градежни машини интензивно работат на терен, а најавено е и решавање на проблемот со свлечиштето во село Станци.
- Ова е поголем проблем кој го имаме подолго време на новоизграденито пат до село Станци. Свлечиштето настана по големото невреме и поројни дождови лани, а веќе беше истечен гарантниот рок за патот . Подолго време правевме испитувања на теренот и чекавме да се стабилизира земјиштето, по што преминавме на решавање на овој проблем, санација на свлечиштето и поставување габиони, информира градоначаникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Дополни дека се користи овој период на суво и стабилно време без врнежи да се санира комплетната зафатена површина.
- Свлечиштето претставуваше ризик и за минувачите, но и за жителите на населбата кои минуваат тука, посетителите и туристи во овој реон, но и оние кои имаат домови под самиот пат. Вложени се буџетски средтсва од општината и се надевам трајно ќе го отстраниме овој проблем,истакна Алексовски.
Свлечиштето пак, кое затрупа дел од локалниот пат во село Станци, рече, е круцијален проблем на кој постојано се работи.
- На патот до село Станци не може да се отстрани свлечиштето, станува збор за огромна маса земјиште и опасност да се активира повторно. Направивме т.н. бај-пас решение со премостување на пат преку Станечка река кој продолжува кон село Станци, додека во консултација со Министерството за транспорт и врски веќе се работи на изготвување проект за пробивање нов пат до село Метов бидејќи постојниот не смее да се користи, додаде Алексовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
-

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
-

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
-

Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
