Се санираат критичните точки на Пчиња во Кумановско

Кумановската подружница на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во текот на вчерашниот ден интеревенирала на две критичните точки на река Пчиња во општина Старо Нагоричане, информираше денеска директорот на подружницата Филип Филиповски.
Денеска, доколку дозволат условите, екипите ќе ги санираат критичните точки кај Јачинце и Довезенце, Кумановско. Вчера, екипите на водостопанство интервенирале и работеле на санација во близина на Меморијалниот центар АСНОМ и во близина на бањата Стрновац.
- Во текот на ноќта немаше врнежи и има тенденција на опаѓање на водостојот и враќање на реките во речните корита. Вчера направивме санација на точката каде што истекуваше водата кај бањата Стрновац и го зајакнавме бедемот кај Меморијалниот центар АСНОМ, изјави Филиповски.
Во текот на денешниот ден, доколку постои можност, односно ако се повлече водата, ќе се санираат критичните точки на Крива Река кај Јачинце и Довезенце, каде што вчера имаше излевање на реката.
Дарко Митровски од кризниот штаб на општина Старо Нагоричане информираше дека во текот на вчерашниот ден имало поплавено земјоделско обработиливо земјиште кај Стрновац и дека е оштетен патот кон Добрача кој е уништен од надоаѓањето на водата во долот во близина на селото. Според Митровски, ситуацијата во моментов е стабилна.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
