Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово
Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите од вчерашното невреме проследено со ветер, дожд и град. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади.....
Центарот за управување со кризи утринава информира дека во тетовскиот регион на терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Патните правци во овој регион се проодни, но на одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот.
Полека се средува и состојбата со електричната енергија, при што е добиена информација во ЦУК дека во најголем дел населението има електрична енергија.
Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија. Информациите од ЕВН Македонија се дека се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред, ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Планинските села и 60-тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатите етапно ќе бида вклучувани во наредните часови.
Во Скопје до утрово се примени 42 пријави за паднати дрва на повеќе локации во градот за што се известени дежурните служби во ЈП Паркови и Зеленило, Град Скопје и ЈП Водовод и Канализација. Пријавени се четири случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што искрел во Зелениково и за паднати бандери.
Покрај невремето, во изминатото деноноќие регистрирани се и 15 пожари од кои два се уште се активни. Станува збор за пожари во Општина Ново Село, на месноста „Хаџиица“ на високо на Беласица, близу државната граница, каде гори букова шума..
- Вчерашниот ден е континуиран пример за големата позитивна улога на медиумите кога има посилни непогоди, при што правовремено ги пренесуваа информациите не само од ЦУК за итните случаи и настани во јавноста, туку и директно од терен од дописниците од подрачјата што беа зафатени од локално невреме. Со тоа нивните информации, прво превентивно дејствуваа граѓаните да бидат известени за невремето што се очекува, според најавите на УХМР, со што ја најверојатно беше намалена опасноста од поголеми штети, а веќе кога се случи најавеното локално невреме во Тетовско и Скопско, медиумите информираа за критичните места што не беа безбедни за движење за граѓаните, велат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот