Се сеќавате на детето изгладнето и отфлено како вештер? Ања го спаси и сега тргна на училиште

Активистката од Данска Ања Ринген Ловен пред 2 години спаси 2-годишно дете од Нигерија кого сеемсјтвото го напуштило мислејќи дека е вештер. Детето го оставиле да умре.
Слабо и гладно тоа повеќе од 8 месеци лутало по улиците. Ања ја објави шокантната фотографија на коај се гледаше изгледнетото дете на работ на смртта.
Таа успеала да ги наговори мештаните да и дозволат да го земе детето во нигерискиот дом што го води со својот партнер. По два месеци детето беше многу подобро, а судејќи според фотографиите кои Ловен ги објави година дена подоцна, детето целосно се опоравило. Се вика Хоуп (Надеж).
-Хоуп сега ужива во животот. Има 35 браќа и сестри кои се грижат за него, учат со него, си играат и прават се за да се чувствува сигурно, напиша Ловен на Фејсбук профилот по спасувањето на детето.
Ања инаку со парнтерот води дом за деца каде се сместуваат млади луѓе обвинети за вештерство.
-Најлошо е кога ќе те отфрли сопственото семејство. Тешко некој да може тоа да го замисли, вели Ања.
Ново на Сител
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети


