-->
-->
Се скарале, па му извадил пиштол и пукал - инцидент на Попова Шапка
-->
Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот. Притоа, немало повредени луѓе.
-Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија, Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски