Се степале крушевчанец и петмина од илинденската коњаница, полицаец пукал во воздух за да ги смири
Полицаец пукал во воздух за да ги смири коњаниците од Скопско Лисиче кои ноќеска се тепале со крушевчанец, Во Крушево на Гумење потврдуваат од полицијата.
Во 2 часот по полноќ, полицаец што патролирал на местото викано Гумење, забележал тепачка меѓу крушевчанецот К.К од една страна и петорица скопјани од друга страна, при што тие меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе. Скопјаните биле дојдени од Лисиче со коњаницата. Полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.
Дека имало инцидент на социјалните мрежи објави и градоначалникот Томе Христоски.
„Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во Крушево? И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на „Гумења" моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите. Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода? Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?“, напиша Христоски.
Тој порача дека во Крушево нема место за насилници.
Ново на Сител
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
-

Николоски: Решението за транспортерите се движи во насока на издавање долгорочни работни визи
-

Се претставил како директор на компанија што тргува со крипто валути, 32-годишник измамен за 340.000 денари
-

Мерц: Германија не е дел од војната со Иран
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
-

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија
