-->
-->
Се судрија два воза: Најмалку 14 лица повредени
-->

Најмалку 14 лица се повредени денеска при директен судир на два патнички воза меѓу градовите Чешке Будејовице и Черни Кржиж во јужниот дел на Чешка.
Локалната служба за Брза помош соопшти дека при несреќата четири лица се здобиле со посериозни повреди, како и дека меѓу повредените има и три деца.
Во двата воза имало вкупно околку 50 лица, од кои поголемиот број биле туристи.
Несреќата се случила на делница од пругата, со која од декември минатата година стопанисува приватна компанија.
Причините за судирот засега не се познати. Поради несреќата сообраќајот по оваа пруга е во прекин, а властите формираа комисија за истражување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
