Се тепале роднини, малолетници и соседи, за еден ден пријавени повеќе физички напади

Во текот на вчерашниот ден во полиција пријавени повеќе физички пресметки.
- На 02.01.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, A.A.(21) од Скопје пријавил дека на 31.12.2023 околу 23.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од негов роднина Р.А.(27) од Скопје, кој употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.
Родители во два различни настани пријавиле дека нивните деца биле нападнати.
- На 02.01.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, Е.И.(57) од с.Кадино, општина Илинден, пријавила дека на бензинска пумпа во с.Кадино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во друг настан на 02.01.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје, К.Д.(54) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар, по претходни меѓусебни недоразбирања, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Физички се пресметале и соседи во Аеродром.
- На 02.01.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје, Н.С.(37) од Скопје пријавил дека на 29.12.2023 околу 09.00 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед И.М., а на 01.01.2024 околу 18.00 часот бил физички нападнат од соседот С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира од МВР.
Во Кисела Вода, жена пријавила дека таа и нејзината ќерка биле нападнати од нејзиниот син.
- На 02.01.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека околу 07.30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината ќерка биле физички нападнати од нејзиниот син Д.И.(19) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, сооштија од полицијата.
Ново на Сител
-

Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
-

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина
-

Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
-

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена поради надежите за дипломатски пробив со Иран
-

Министерството за енергетика ќе ги соопшти активностите за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
