Балкан
30. March 2019 - 9:58

Се тресеше Хрватска: Силен земјотрес го погоди Сплит, звукот бил морничав, се нишале шкафови

Рано утринава околу 3 часот земјотрес ја стресе Хрватска, епицентарот бил околу 21 километар од Сплит.
 
Сеизмолошкиот завод наведува дека јачината на земјотресот бил 4,2 степени по Рихтеровата скала. 
 
- Спиев и одеднаш ме разбуди тресењето на шкафовите и лустерите,  веднаш скокнав од креветот, вели еден граѓанин кој го почуствувал земјотресот.