-->
-->
Се урна дел од фитнес сала во Кина: Несреќата се случи поради снег, три лица загинаа
-->
Три лица загинаа, а едно е полесно повредено кога се урна дел од фитнес сала во округот Хуанан, провинцијата Хејлонгџијанг, североисточна Кина, соопштија локалните власти.
На местото на несреќата имало вкупно седум лица кога во понеделникот вечерта под тежината на снегот се урна дел од салата во градот Џиамуси, јавува Кинеското меѓународно радио.
До уривање дошло во понеделникот вечерта, по неколку невообичаено студени денови со врнежи од снег.
Властите соопштија дека го привеле одговорното лице за салата и не соопштуваат повеќе детали. Сè уште не е јасно што го предизвикало уривањето на структурата. Истрагата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење