-->
-->
Се урна руски воен хеликоптер во Русија, екипажот не преживеа
-->
Руски воен хеликоптер „Ми-8“ се урна кај Клин во московскиот регион. Сите членови на екипажот починаа од повредите. Хеликоптерот се урнал на околу 20 километри од градот Клин, на северозападниот дел од Москва. Тој паднал во напуштена област.
Екипажот во хеликоптерот, во кој имало инструктори по летање и група практиканти, не преживеал, потврди руското Министерство за одбрана.
Хеликоптерот изведувал редовен тренинг-лет кога се случил инцидентот. Првичните претпоставките се дека несреќата настанала поради технички дефект. Специјална истражна група на главната команда на воздухопловните сили ги истражува причините за несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК