-->
-->
Се урна зграда од 21 кат во Лагос | ВИДЕО
-->
Зграда од 21 кат се урна во Лагос, главниот град на Нигерија. Досега се регистрирани три жртви, а се трага по околу 40 работници кои биле во зградата.
„Мислев дека е земјотрес, целата зграда се урна“, вели Оли Апата, кој живее недалеку од урнатата зграда.
Апата додаде дека зградата била во изградба веќе две години и дека инвеститорот претходно истиот ден се сретнал со потенцијалните купувачи.
Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе што ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.
Уривањето згради е релативно вообичаено во Лагос, главниот град на Нигерија, кој има 20 милиони жители.
Во рушењето две згради во 2019 година загинаа десетици луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
