Македонија
1. August 2024 - 16:39

Се уште активни пожарите кај Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Старо Нагоричане

Се уште гори во околината на Свети Николе, Пробиштип и Кратово. Гори и кај Старо Нагоричане Токму овој регион беше во фокусот на воздухопловите во текот на денот.

Хеликоптер на МВР и српскиот хеликоптер во текот на целиот ден ја гасат боровата шума во Старо Нагоричане меѓу селата Рамно и Малотино.

Друг хеликоптер е ангажирам во кратовското село Татомир и во близина на селото Барбарево кај Пробиштип.

Во текот на денот се очекува чешкиот хеликоптер да полета и негова задача ќе биде да го гасне пожарот кој беснее меѓу Пробиштип и Свети Николе. А ер-трактор е ангажиран на поголем регион меѓу Свети Николе, Кратово и Куманово.

Од центарот за управување со кризи велат дека приоритетите за гаснењето се менуваат од час во час во зависност од тоа како се менува состојбата на терен.

Во текот на денот се очекува голема помош од странство. Шведска, Германија и Унгарија испраќаат летала, како но и тим со специјални возила

Вчера министерот за внатрешни работи објави дека се приведени неколку лица кои се осомничени дека подметнале дел од пожарите кои со недели ја пуштошат државата. Се обидовме да добиеме одговор од МВР за колку точно луѓе станува збор и за кои пожари се сомничат дека ги подметнале, но одговор не добивме.