Се уште нема официјална потврда за националноста на загинатиот возач во несреќата во Бугарија
Возач на камион со турски регистарски таблички загина при судир на два камиона на автопатот Тракија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора во Бугарија, јави бугарската Нова ТВ.
Портпаролката на Секторот на бугарското Министерство за внатрешни работи од Стара Загора, во изјава за дописникот на МИА од Софија нагласи дека засега не е во можност да ја потврди националноста на загинатиот возач.
Несреќата се случила околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на „161-от километар на автопатот Тракија“ на коловозната лента во правец кон Софија.
Во несреќата покрај турскиот учествувал и камион со бугарски регистарски таблички од Велико Трново. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвива само на една коловозна лента и е формирана колона возила во должина од околу пет километри.
Претходно, ТВ21 повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.
Ново на Сител
-
Почна испораката на учебници за основно и средно образование
-
Прв уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип
-
За 10 евра се зголемиле трошоците за живот во август – потребни се над 1.000 евра месечно за да се преживее
-
Обезбедени пари за поправка на кровот на најстариот музеј
-
Убиство кај ТЦ Мавровка
-
Арсовска на средбата во Владата: Го одбија нашиот план, но ќе понудиме нов
-
Започнаа подготовките за 16-тата по ред „Штипска Пастрмалијада“
-
Преглед на вестите од светот