Се уште се трага по преживеани во Хатај и Кахраманмараш
Според надлежните, во моментов постои минимална веројатност под урнатините да има уште преживеани, но потрагата под урнатините ќе продолжи во најтешко погодените провинции од земјотресот – Хатај и Кахраманмараш.
И покрај тоа што турските власти најавија дека спасувачките акции по преживеани и жртви завршуваат две недели по разорниот земјотрес кој ја погоди земјата, сепак, потрагата под урнатините и натаму ќе продолжи во двете најтешко погодени области Хатај и Кахраманмараш.
„Во многу од нашите провинции, напорите за пребарување и спасување завршија. Ние ги продолжуваме нашите напори во овој поглед во провинциите Кахраманмараш и Хатај“, рече Јунус Сезер, директор на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Според надлежните, во моментов постои минимална веројатност под урнатините да има уште преживеани.
Властите изјавија дека ги интензивираат напорите за згрижување на милиони луѓе кои останаа без домови и кои побараа засолниште во соседните градови.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
