Се враќа старото работно време: Од понеделник на работа од 7 до 15 часот
Вработените во министерствата, агенциите, дирекциите и другите државни институции во Црна Гора од следниот понеделник ќе одат на работа од 7 до 15 часот, наместо од 9 до 17 часот како досега. Црногорската Влада официјално донесе одлука од 27 март да го врати старото работно време на државната администрација, три години откако тогашниот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ поднесе таква иницијатива. Министерот ја поднел иницијативата поттикнат од внатрешна анкета меѓу вработените во црногорското МВР која покажала дека најголем дел од нив се за враќање на старото работно време од 7 до 15 часот.
- Ова работно време ќе резултира со поефикасно завршување на работните обврски, но и за зачувување на семејството како основна клетка на општеството – е образложението за промената на работното време во Црна Гора.
И во Македонија веќе неколку години има иста иницијатива од синдикалците, но и од дел од граѓаните. Ова барање пред два месеца повторно го актуелизираше група граѓани, кои преку онлајн петиција адресирана до Владата, релевантните министерства и институции побара воведување на работно време од 7 до 15 часот.
- Тоа значи поголема посветеност на работата бидејќи човековото тело и човековиот ум се поефикасни во утринските часови. Исто така, тоа значи поголема заштеда на електричната енергија (во лето за ладење, а во зима за греење), но и поголема посветеност на семејството, а посебно со цел поголема улога и одговорност во правилното воспитување на сопствените деца – пишуваше во петицијата.
Неодамнешната анкета на Факултети.мк за работното време покажа дека мнозинството Македонци сметаат дека работниот ден во земјава треба да се намали на шест, наместо сегашните осум часа. Скратувањето на работното време, сметаа анкетираните, ќе ја зголеми продуктивноста на работниците, а ќе ги намали трошоците на работодавците.
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
-

Детали од полициската акција: Запленети 130.000 евра, и десетина луксузни автомобили – дејствувалe во Шпанија, Грција и Србија
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
