-->
-->
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-->

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.
-На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
