Се затвораат сезонските туристички објекти во Грција
Од денеска, па се до 30 април 2020, со одлука на министрите за развој, цивилна заштита, труд, здравство и внатрешни работи, во Грција се затвораат сите сезонски туристички објекти.
Одлуката за „привремена забрана за работа на сезонските туристички објекти“, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.
Во однос на туристичките објекти кои веќе работата, им се дава можност, да ги затворат следната седмица, на 23 март 2020.
Од Конфедерацијата на туристички бизниси на Грција, ја поздравија одлуката на владата, а претседателот Јанис Рецос вели дека станува збор за неизбежен и правилен чекор.
Паралелно, на вчерашниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите од неговата влада, беше одлучено целосно да се прекине авио поврзувањето со Италија, за оние авиокомпании кои сѐ уште имаа летови од и кон земјата.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости