Се здебелила 45 килограми и покрај диетата, еве што тлеело во неа
Лизи Денисон Ворд (20) од Велика Британија никако не можела да сфати зошто постојано се дебелее и покрај то ашто внимава на исхраната и ги брои калориите. Таа дневно внесувала 1.000 калории, но сепак од 57 килограми дошла на вртоглави 102.
Се здебелила 45 килограми. Очајно одела по лекари кои ја насочувале дека мора поздраво да се храни и така да го забрза метаболизмот. Меѓутоа таа се чувствувала се полошо и знаеле дека нешто не е во ред.
-Одев на лекар повеќе пати, ми вадеа крв, но не можеа да ми кажат што не е во ред. Бев фрустрирана, раскажува Лизи.
-Ги прочував симптомите на интернет и самата си платив магнетна резонанца на мозокот, вели упорната девојка.
Следуваше шок. Ми открија тумор на мозокот кој ја притискаше хипофизата, што предизвикуваше хормонална нерамнотежа во телото и драстично ми го забавуваше метаболизмот, со ненормално складирање на маснотии и пораст на килограмите. Туморот беше голем 4 милиметри и неодамна го отстранија. Веднаш почнав да ја губам тежината. Самата да не истражев што ми се случува туморот ќе растеше и ќе платев со животот, вели таа.
Ново на Сител
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница