Се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште за 30 пати

Владата на денешната 34-та седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, кој се зголемува за 30 пати. Со уредбата се уредува и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.
– Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед, информираат од Владата.
Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од досега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација.
-Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, велат од Владата.
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
