Се зголемува „огнената група“ која бара разрешување на Груби
Независниот пратеник Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ.
Новата дружба тројцата функционери ја објавија доцна синоќа преку фотографија на Фејсбук на која се Меџити, Реџепи и Блерим Беџити. Под фотографијата тројцата заедно напишаа:
- Дали приклучувањето на Реџепи е најава дека „огнените“ целат на формирање на пратеничка група засега нема потврда.
Кастриот реџепи на јавноста и стана познат откако лани ги поремети сметките на опозицијата да го преземе мнозинството во собранието и да ја урне владата. По ова Реџепи беше исклучен од партијата БЕСА и промовираше проект во Собранието „Европа 21“ со цел обединување на прогресивните политички сили за задржување на европската перспектива на земјата.
Истакнатите членови на ДУИ, Меџити кој е актуелен пратеник на ДУИ и Беџети актуелен градоначалник на Сарај се потписници на писмото со кое бараат смена на Артан Груби и промени во партијата. И покрај писмото лидерот на партијата, Али Ахмети и вицепремиерот Груби тврдеа дека раскол во ДУИ нема туку дека во тек се разговори внатре во партијата кои треба да го подигнат демократското ниво во ДУИ.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива