-->
-->
Седлоски: Првиот пенал е престрог
-->
Шефот на стручниот штаб на нашиот тим после натпреварот со Динамо на Максимир не го криеше разочарувањето и покрај добрата игра и на едниот и на другиот натпревар во Лигата на шампионите. Седлоски уште еднаш им честиташе на играчите на Вардар за храбрата и добра игра и на реваншот со Динамо кој што незаслужено го загубивме.
„За публиката ова беше перфектен натпревар. За едно вакво големо натпреварување таков пенал како првиот мислам дека не постои, според она што го слушнав од моите соиграчи во соблекувалната. Не можам ништо да им замерам на моите фудбалери, одиграа храбро. Покажавме дека можеме да се носиме со ваков Динамо кој што има добри играчи. Водевме два пати, потоа Динамо израмни од два пенали. Кај третиот гол на противникот веќе беше готово. Вардар на овие два натпревари даде се од себе, играчите што се вели „изгинаа“. Кога ќе се собере се мислам дека заслуживме повеќе. И на овој дуел во Загреб на почетокот имавме две прилики, прво Асани а потоа и Хамбарѕумјан статива. Секоја чест на фудбалерите, но тоа е фудбалот. Одиме понатаму. Честитки за Динамо и му посакувам многу успех, да ја мине и следната фаза од Лигата на шампионите“, изјави нашиот тренер на прес конференцијата после натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален