Седми Христијански философски форум „Europa“
Во салата на храмот Свети Димитрија во Скопје вечер во 19 часот ќе биде одржан седмиот Христијански философски форум со наслов „Europa“ на кој ќе се дебатира за местото на религијата во современата европска култура.
Христијанскиот философски форум е проект на Философското друштво на Македонија под раководство на универзитетските професори д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (Православен богословски факултет) и д-р Ристо Солунчев (Философски факултет).
Гости на форумот ќе бидат д-р Свилен Тутеков, раководител на катедрата за библиско и систематско богословие на Универзитетот во Велико Трново, директор на Центарот за систематско богословие во Велико Трново и главен уредник на меѓународното теолошко списание „Теологикон“, д-р Кица Колбе - доктор по филсофски науки и писателка, д-р Метин Изети - исламски теолог, философ и редовен професор на Државниот универзитет во Тетово и д-р Трајче Стојанов, филозоф и педагог.
Седмиот христијански философски форум, според најавата на организаторите, ќе се обиде да ги узнае патиштата кон актуализацијата на колективниот религиозен архетип во контекст на современата европска култура, притоа излегувајќим од тесните и стерилни рамки на концепцијата за „меѓурелигискиот дијалог“.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога