Седница на собраниската Комисија за здравство
Собраниската Комсија за здравство денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, во прво читање.
Со предложените измени треба да се обезбеди внатрешна организација на јавните здравствени установи која ќе обезбеди достапна, рационална, ефикасна и континуирана здравствена заштита, како и да се додаде АПТИС како меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик и да се избрише психолошкиот тест и тестот на интегритет за директорите на јавните здравствени установи и директорот на Управата за електронско здравство.
Дел од целите на законот е и да се усогласат условите што треба да ги исполнуваат здравствените работници и здравствените соработници за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија со Законот за административните службеници, основната плата и делот за успешност да се утврдува согласно колективен договор, и да се обезбедат здравствени работници со високо образование во јавните здравствени установи за непречено вршење на здравствената дејност и обезбедување на континуирана здравствена заштита, стои во образложението на Предлог законот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес