Седница на Советот на Град Скопје
Советот на Град денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред меѓу другите се и Предлог-планот за изменување и дополнување на програмите за развој за периодот 2021-2023 година, како и Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2021 година.
Членовите на Советот на Град Скопје ќе ја разгледуваат и Предлог-статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Градот Скопје, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП “Скопје”-Скопје за 2021 година, Предлог-одлуката за давање на времено користење на недвижни ствари, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за примање донација на детски реквизити, гумена подлога и метална ограда од Државна видеолотарија – Аустриа Касинос ДОО Скопје, како и Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за донација на ЈП Водовод и канализација-Скопје.
На дневен ред на оваа седница на Советот е и Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на затворен пливачки базен, Предлог-одлуката за формирање Координативно тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата”, како и Предлог-одлуката за давање согласност на Ценовникoт за изменување и дополнување на Ценовник за утврдување на цените на активности, производи и услуги на ЈП ЛАЈКА-Скопје и Предлог-одлуката за давање согласност на Програмата за изменување и дополнување на Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни животни на подрачјето на град Скопје на ЈП ЛАЈКА-Скопје, за 2021 година;
Советниците ќе ја разгледаат и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2021 година.
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје