Македонија
6. November 2015 - 9:25

Седница на Советот на Собраниски канал

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Советот на Собранискиот канал. 

Пратениците, според дневниот ред, треба да постигнат договор за работа на Советот на Собранискиот канал, а ќе зборуваат и за Реализација на програмата на Собранискиот канал за тековната 2015 година, за Програмскиот план на Собранискиот канал за наредната 2016 година, како и за Годишната програма за работа на Македонската радио телевизија за 2016 година.