Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Ново на Сител
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
